October 17, 2019

Булевар

На вистинското место

АПЕЛ: На Бојан му е потребна наша помош за повторно да застане на нозе- дојдете на хуманитарниот концерт

На Бојан Димитриевски му е потребна нашата помош за повторно да застане на нозе.

Јас Бојан Димитриевски на 23.08.2018 година на 17 годишна возраст по тешка сообраќајна несреќа не по моја вина се здобив со тешка повреда на ‘рбетниот мозок (QUADRIPLEGIA – одземеност на раце и нозе) при што останав целосно неподвижен. Oд тој миг ми се смени животот, моите соништа застанаа тука. По долготрајни терапии и вежби низ центрите во Македонија и Србија имав многу мал незначителен напредок. Затоа по консултации со лекари од клиниката ,,Neurovita” во Москва – Русија нѝ дадоа надеж дека со лекување со матични клетки може повторно да застанам на моите нозе. За таа цел потребно е да ми направат 10 третмани. Моето лекување ќе опфати повеќе кратно одење за Москва-Русија. За ова ќе имам потреба од придружба на моите родители, бидејќи сам не можам. Првото одење ќе чини 28.000 евра и истото ќе се состои од комплетен преглед и започнување со третман со матични клетки. Интензитетот на одењето во Москва-Русија ќе зависи од резултатите кои што ќе ги покажам.
Моето семејство не е во можност да ги подмири трошоците за моето лекување.
Барам помош од СИТЕ ХУМАНИ ЛУЃЕ.
Ви благодарам од срце.
Со почит Бојан Димитриевски.

*Броеви за донации:
Телеком: 070 143 414
Вип(A1): 143 550

Трансакциска сметка: 200003373418462
За донации од странство:
SWIFT: STOBMK 2X
EUR: MK07200003376775050
USD: MK07200003376787660
CHF: MK07200003376781355

%d bloggers like this: