December 7, 2019

Булевар

На вистинското место

Бебињата на питачите секогаш спијат, вистината ќе ве разжалости

Во близина на метро станицата седи женска личност на неодредена возраст. Косата и е бушава и валкана, погледот жалосен. Жената седи на валканиот под, а покрај неа лежи торба. Во торбата луѓето фрлаат пари. На рацете од жената, спие бебе старо година или две.

„Тажна слика“ – бројните минувачи ќе донираат пари. На народот секогаш му е жал за оние кои имаат помалку среќа. Помагањето, изгледа како „Добар бизнис“. Поминав покрај питачката. Не ѝ дадов никакви пари, затоа што знаев дека тоа е банда! Погон од измами и парите собрани од питачите ќе ги има оној кој ги контролира питачите на тоа подрачје.

Tие луѓе поседуваат бројни луксузни недвижнини и автомобили. Оф, и питачот исто така добива нешто, секако, шише вотка во вечерните часови и сендвич со плескавица или сл. Месец дена подоцна, поминувам пак покрај питачка… и како гром кој одненадеж ме удира…

Застанувам на прометната раскрсница, зјапам во бебето, облечено како и секогаш во валкани тренерки. Сфатив дека изгледа „погрешно“, дете во валкана метро станица од утро до мрак. Бебето спие. Никогаш не плаче или вика, секогаш спие, со лице свртено кон коленото на една жена која најверојатно му е мајка.

%d bloggers like this: