December 15, 2019

Булевар

На вистинското место

Била тема на влажните сништа на цела Југославија: Погледнете како денес изгледа најсексапилната пекарка

Сцената од филмот “Varljivo leto ’68” на многумина им останала врежана во сеќавањата, а Штимац често зборувал дека му пречи што целиот филм останал запаметен по тоа што на колешката ѝ ги допирал градите.

“Се викаше сосема обично – Јагодинка Симоновиќ. Мирисаше на свежо тесто, солени переци и пекарски квасец”, со тие зборови Славко Штимац ја опишува најсексапилната пекарка во филмот “Varljivo leto ’68”.

И додека Јагодинка била честа тема на влажните сништа на бројни тинејџери ширум поранешната држава, за актерката која ја глумела не се знае многу.

Драгана Варагиќ имала 27 години кога ја глумела Јагодинка. Во 90-тите години се преселила од Србија во Канада, пишува Blic.rs.

“Во Канада работев како актерка, но по магистратурата почнав и да режирам, продуцирам и да предавам на факултет. Некои театарски критики што ги добив во Торонто се многу подобри од критиките кои ги добив во Белград. Горда сум на многу работи што ги направив тука. Само четири седмици по доаѓањето во Канада ја добив првата улога”, рекла Варагиќ.

Пред четири години се вратила во Белград, а во емисијата “Свој на своето” со Ненад Миленковиќ зборувала за улогата која ја запишала во историјата.

“Ми беше симпатично и мило и тоа е преслатка улога на топла провинцијалка која се снаоѓа во градот, но тоа сега ми е премногу. Мојот живот отиде 30 години напред и можам да зборувам за неа, но тоа секогаш е истата приказна, а мене ме интересира тоа што ме чека, а не тоа што е зад мене”, рекла актерката.

Потсетете се на најпознатата сцена од филмот.

%d bloggers like this: