August 24, 2019

Булевар

На вистинското место

Боки 13: Најмногу сум наплатил од оние што ми викале „Види го, пед*р“

За она што треба да го сработам, или наплаќам многу или работам за џабе, бидејќи не сакам да се пазарам и некој да ми ја потценува вредноста. Ова во интервју за ток-шоуто „Еден на Еден“ пред две години го изјави Бојан Јовановски – Боки 13. Во интервјуто за Жарко Димитриоски тој признава дека наплатил 200.000 евра за 4 месеци за турнеја во Србија и додава дека најмногу заработил од оние што со потсмев го нарекувале педер и зборувале „Види го, педер“.

Ако некој нема да ме плати, му кажувам немој да ми ја потценуваш вредноста, или плати ме како што треба или ќе ти работам за џабе. Најмногу сум наплатил од оние што ми се смееле и ми викале „Види го, педер“. Генерално сме сеирџиски народ и ако не знаеш да му пласираш шоу на народот, поарно седи си дома, вели Боки 13.

%d bloggers like this: