fbpx
Ханча од Тетово ја викаат Мајка Тереза – одгледала 15 туѓи деца, а сега живее болна без струја и вода поради долг од 1.500 евра

Ханча од Тетово ја викаат Мајка Тереза – одгледала 15 туѓи деца, а сега живее болна без струја и вода поради долг од 1.500 евра


Во трошно куќиче веднаш до реката Пена, во крајно супстандардни услови живее тетовката Ханча Алиќ. Соседите ја викаат Мајка Тереза затоа што и покрај големата сиромаштија досега одгледала 15 деца кои не се нејзини. Порано некако успевала да излезе на крај со сиромаштијата, но веќе подолг период ѝ е исклучена струјата поради неплатен долг, а во куќичката во која живее нема ни вода.

Сега се грижи за девојче со церебрална парализа и за две помали внучиња од синот. Нејзината и онака тешка состојба уште повеќе е влошена, бидејќи ѝ е дијагностициран рак на панкреас поради што оди на хемотерапија. Ханча најмногу стравува од помислата што ќе се случи со децата кои ги одгледува по нејзиното заминување.

„Без вода и струја не се седи. Од ЕВН ми бараат 1.500 евра долг за струјата. Од каде да ги најдам тие пари? Сега добиваме пари само за девојчето со церебрална парализа, а тоа се околу 5.000 денари. Ми даваа еднократна помош од социјалното, а чекам да ми дадат и трајна парична помош, но решението никако да дојде. Дали можат 100 евра да ми стасаат месечно? Се прехрануваме со храна што ни ја даваат од народната кујна, многу сум им благодарна за тоа. Порано чував и некоја коза, но сега веќе немам ништо. Сега најголем проблем ми е тоа што немам струја и вода.

Децата што ги одгледав веќе пораснаа, но знаат да дојдат кај мене и да ми помогнат колку можат, но и тие се сиромашни и живеат од социјална помош“, вели Ханча.

Целиот текст прочитајте го на СДК.мк

administrator

Related Articles

%d bloggers like this: