fbpx
Сашко Коцев во изолација: Водам „Тортијада“ и „Вешта жена“

Сашко Коцев во изолација: Водам „Тортијада“ и „Вешта жена“

Сашко Коцев вели дека во периодот на изолација поради коронавирусот, по дома не му фали ништо. „Имам личен стилист, Јоана“, изјави познатиот актер за нашиот сајт и ни испрати фотографии како ќерката го разубавува секој ден. Откако неговиот матичен театар МНТ ги откажа сите претстави, и им овозможи на гледачите да ги следат онлајн, Сашко ни раскажа дека не му фалат ни настаните. „Не ми фалат настани.

Еве вчера водев “Вешта Жена -Тортијада 2020“, вели Сашко за игрите со ќерката Јоана која во октомври годинава ќе наполни три години. По дома, тој си има и актерски ангажмани. Ама пак се поврзани со кулинарство. „Играм главна улога во кујна, документарец за Џејми Оливер.

Зашто сопругата како лекар нема право на отсуство“, додава Коцев за сопругата Смиљана која е лекар. Сашко и Смиљана се во брак од 2012 година, откако Коцев ја побара за жена на оригинален начин, на „Златна Бубамара на популарноста“, во Универзалната сала. M.Џ.

administrator

Related Articles

%d bloggers like this: