fbpx
Кире Лазаров со донација за Здравствениот дом во Свети Николе

Кире Лазаров со донација за Здравствениот дом во Свети Николе

Младите во Свети Николе организираат акција за помош на светиниколчани во борбата против корона вирусот. Тие нагласуваат дека најдобриот македонски ракометар, Кире Лазаров донирал средства за набавка на маски со филтри и скафандери за здравствениот дом во неговиот роден град.

„Од денес, започна со работа волонтерска група на граѓани од Свети Николе која ќе помага во справувањето со пандемијата на КОВИД 19 вирусот. По иницијатива на Асистентот на ФИНКИ, нашиот сограѓанин Влатко Спасев и во соработка со Извидничкиот одред “Гоце Делчев” и ovcepole.mk ,денес во просториите на одредот беа изработени 50 визири кои ќе бидат донирани во Здравниот дом “Гаврило Гаврилски”. Од денес, се до крајот на пандемијата, оваа група на волонтери ќе изработува визири и набавка на неопходната медицинска опрема.ВЕСТИ ОД СВЕТОТ

Го исконтактиравме и нашиот сограѓанин, Капитенот на ракометната репрезентацијата на Република Македонија кој донираше средства за набавка на маски со филтри и скафандери за нашиот здравен дом. Се надеваме на голем одзив и на другите компании и фирми во нашиот град кои ќе помогнат да ја оствариме целта, да ја победиме пандемијата. ЗДРАВЈЕТО ПРЕД СЕ!“ – стои во објавата на фејсбук

administrator

Related Articles

%d bloggers like this: