fbpx
„Не третираа како да сме некои криминалци или жариште на болести. Што сме ние за нашата држава?“

„Не третираа како да сме некои криминалци или жариште на болести. Што сме ние за нашата држава?“

И дојде ден да си дојдеме во татковината…
Ајде да почнеме од почеток.
Здраво, ние сме 92 Македонци кои работат во Американската круз компанија кои одат на брод да печалат пари за да се вратат дома во родната Македонија за да ги потрошат. Да спечалат пари да овозможат на следбениците. Што сме ние за нашата држава?
Моменталната состојба која го потресе светот не погоди и нас морнарите. Нашата компанија прогласи карантин на 16ти Март така ние останавме заглавени по бродовите паркирани сидро на сред океан, почитувајќи ги сите мерки дадени од Центарот за Заразни Болести во Америка. Строгите мерки налагаа да се поминуваат 20 часа во соба а 4 часа распоредени за оброци и кратки паузи. После еден месец така не транспортираа на друг брод од каде што требаше за запловиме за Европа бидејќи аеродромите беа затвореени. Не запловивме…после две недели стигна писмо дека ќе мора да преминеме на друг брод со спасувачко бродче бидејќи ние Балканците сме посебни. Еден од нашите колеги си го одзеде животот бидејќи неможеше веќе да ја трпи неизвесноста. Запловивме на дури на 2ри Мај пловевме преку океанот цели 15 дена и стигнавме во Англија. Така после 63 дена карантин, преминувавме од еден брод на друг и пловење 15 дена без никакви конкретни ветувања конечно стигна информација дека ние Македонците ќе си одиме ДОМА од Англија. Сите преплавени од емоции неможеа да веруваат дека всушност тоа е вистина. Тргнавме…во 4 наутро на аеродром да чекаме 7 саати за да полетаме. Аеродромот во Лутон беше затворено ништо за јадење и пиење. Така полетавме и слетавме во Софија бидејќи нашата држава е единствена која се грижи за здравјето на граѓаните и прогласите уште 14 дена вонренда состојба, па неможевме во Скопје. Во Бугарија добивме целосна кооперација сите насмеани не примија ни дадоа вода и набрзина ни ги средија сите документи за да тргнеме. Патувавме до Бугарска граница и моравме пешки да ги преминеме двете драници. Кога стигнавме на Македонска граница тука почна нашето патешествие…ни ги земаа пасошите без никакво објаснување. Чекавме повеќе од еден час да стигне последниот автобус. Гладни, жедни и неспиени два дена стоевме со куферите и чекавме…Конечно пристигна автобусот давајќи информација дека одеме за Охрид на уште 14 дена карантин. Тргнавме наместо за Охрид за Табановце да земеме уште некои луѓе кои чекаат. Патувавме 7 часа вез никаква пауза. Молевме да застанеме некаде само на 5 минути да користеме тоалет. Молевме за вода, ударавме по прозорите на автобусот, целата таа ситуација ја гледаше нашата полиција од надвор каде застанувавме тие да пушат цигара. Молевме но ништо…никој не ни обрна внимание, како да не постоеме. Не третираа како да сме некои криминалци или жариште на болести, како да сме сите болни никој несакаше ни оддалеку да разговара со нас. Што сме ние за нашата држава? Така стигнавме во нашата татковина во хотел Фламенго во Охрид, затворени во собите без никаков документ. Нашата татковина не пречека како најголеми грешници, деликвенти. Го прошетавме целиот свет ама како Македонија нема друга. Една наша стара Македонска песна вели “нашата мила Македонија не одгледала, за да ја браниме”…ние ја одбранивме…

administrator

Related Articles

%d bloggers like this: