fbpx
Пипачи на леб (Видео)

Пипачи на леб (Видео)

Многу често луѓето кога ќе одат да купат леб во продавница или маркет, знаат да се мислат дали да купат еден или друг леб. Така, многупати можеме да видиме како некој ќе допре односно ќе земе еден леб со своите раце, па после 2 секунди ќе се премисли, ќе го врати каде што му е местото а веднаш потоа ќе земе друг леб.

Таа грозна навика за жал некои луѓе можеби ја практикуваат несвесно без да си го постават прашањето – дали после мене друг ќе го купи и ќе го јаде овој леб?

Во време кога цел свет се бори со коронавирусот, добро е да апелираме до граѓаните да не бидат пипачи на лебот и кога ќе пазаруваат, да бидат одлучни, без притоа да пипнат еден, а да купат друг леб.

Во продолжение како изгледаат пипачите на леб:

administrator

Related Articles

%d bloggers like this: