fbpx
Пронајдете личност со која заедно ќе ги поднесувате најголемите животни бури

Пронајдете личност со која заедно ќе ги поднесувате најголемите животни бури

Сите ние сме биле повредени некогаш во животот, но емотивните рани избледуваат со времето и негување на душата. Негативните искуства од минатото не се причина да се плашите од нова љубов. Не смееме да дозволиме да пропуштиме прекрасни работи кои љубовта ги носи со себе, само затоа што имаме страв од предавство, загуба или скршено срце. Не го затворајте вашето срце. Искрено посакајте да бидете сакани и способни да сакате: тогаш вашата сродна душа ќе го пронајде патот до вашето срце.. 

Има толку многу прекрасни работи кои доаѓаат со љубовните врски: будење со некој кој нѐ сака, заеднички вечери, патувања, создавање спомени кои ќе нѐ прават среќни на стари години и создавање прекрасен простор за духовен и емоционален развој.

Но, како да одредиме која е нашата вистинска и судбоносна сродна душа?

Вистинските партнери ќе ги препознаете по тоа што и двајцата заедно ќе се радувате на помислата на заедничка иднина. Потребен ви е некој со кого секое утро ќе се радувате, иако понекогаш животот ќе носи и мрачни ноќи. Потребна ви е личност кој во вас поттикнува разиграност и љубопитност. Некој со кого ќе можеме да споделуваме и добро и лошо. Некој кој секогаш ќе биде покрај нас, дури и кога на нашата врата ќе тропнат и тешките денови.

Вашата сродна душа е човек кој вистински ќе ве прифати и цени. Човек кој ќе нѐ сака дури и кога ќе грешиме. Но, највеќе од сѐ, некој кој е доволно силен за да ги поднесе животни бури заедно со вас. 

Оваа личност со задоволство ќе вложи труд во вашата врска. Вие заедно ќе работите на развој на љубовта. 

Тоа сигурно нема да биде совршена личност, затоа што сите учиме и правиме грешни. Но, ова е личност која совршено ќе ве надополнува!

administrator

Related Articles

%d bloggers like this: