fbpx
Сто луѓе биле гости на свадба во домашни услови – ново жариште на повидок?

Сто луѓе биле гости на свадба во домашни услови – ново жариште на повидок?

Свадба со стотина гости, која се одржала во домашни услови на крајот на мај, би можело да биде причина за потенцијален нов кластер на поголем број заразени со коронавирусот во земјата.

– Една детална анализа за потенцијален нов кластер, тоа што знаеме досега, е само од една свадба која броела сто луѓе во домашни услови, во период кога е тоа забрането на крајот на мај. Сега тука имаме за жал, позитивни, заразени. Овие денови интензивно ќе се прават анкетите на гостите, изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Министерот за здравство нема информација за позитивен вработен во фабрика во близина на Тетово, каде работниците со автобуси доаѓаат од Тетово, Гостивар и Скопје.

„Во изминатите денови, практично, цела измината недела, се направи таргетирано тестирање – скрининг на контакти на заболени. Екипите на Центрите за јавно здравје интензивно работеа на терен во кризните региони и бројката која ја гледаме овие неколку дена е резултат на тоа. Ова беше сосема очекувано и ние тоа го најавивме. Таквото тестирање беше рана дијагностика и навремена изолација на контактите на лицата кои се носители на вирусот во рамки на познатите кластери. Се покажа дека најголем број од заболените се всушност заболени на семејни и други собири, па со ваквата стратегиja практично ги изолиравме сите контакти на заболените, кои се без симптоми. Полицискиот час за викендов дозволи многу полесен пристап и брзо тестирање на сите контакти што претходно беше многу отежнато во последните денови. Позитивно е што покрај првичниот отпор кај дел од контактите сега веќе имаме подобра соработка и успеваме полесно да пристапиме и тестираме. Апелирам уште еднаш граѓаните максимално коректно да соработуваат со епидемиолозите и да даваат точни податоци. Огромен процент од дијагностицираните случаи се со лесна клиничка слика или се асимптоматски и од вкупниот број, само осум пациенти се на механичка вентилација“, потенцираше министерот Филипче и додаде дека околу 65 проценти од активните позитивни случаи во Скопје се поврзани со познат случај, а од нив 90 проценти припаѓаат во 41 кластер. Слична е состојбата и во другите три кризни региони, каде најголем процент од заболените и тие се од рамките на истите кластери.

Според Филипче, кластерската анализа покажа дека речиси сите нови случаи се врзани со некаква форма на собир, прослава во период на 24-ти и 25-ти мај, односно точно пред две недели, а на што укажа деталната анализа во епидемиолошките прашалници.

Тој изјави дека во периодот кој следи, Комисијата ќе предложи до Владата, а во текот на утрешната седница ќе се дискутира за евентуална рестрикција на движењето.

administrator

Related Articles

%d bloggers like this: