fbpx
Господ гледа: Татко на осум деца нашол новчаник полн со пари и го вратил на сопственикот

Господ гледа: Татко на осум деца нашол новчаник полн со пари и го вратил на сопственикот

Сулејман Зеќири од Хаџиќ блиску до Сараево, познат по пекарот Лола, е татко на осум деца, а својата хуманост ја покажал некоолку пати на дело.

Овој благороден човек преживува од собирање старо железо. Иако живее од денес за утре, не се двоумеше минатиот викенд да го вратил изгубениот паричник полн со пари на еден бизнисмен.

– Јас го најдов паричникот во угостителскиот објект на станбената зграда “Хоше“. Го забележав кога го наместив столот за да седам. Беше на подот. Во тој момент, единствено нешто што ми беше на памет беше да го вратам на сопственикот што е можно поскоро. Го отворив за да најдам некаков документ за идентификација. Тој беше полн со пари. Не пресметав, но мислам дека имаше повеќе од 5.000 куни. Возачката дозвола исто така беше во паричникот – изјави Зеќири за медиумот „Аваз“.

Сфатил дека станува збор за сопственик на пилана во близина и веднаш се распрашал во објектот и наскоро дошол до телефонскиот број на неговиот син.

– Му реков дека го најдов паричникот на татко му и дека сакам да го вратам. Тој дојде брзо и ми се заблагодари. Се обиде да ме награди, но јас одбив- додава Зеќири.

Тој наведува дека во ниту еден момент не размислувал да ги задржи парите на себе, без оглед какви се условите.

– Господе! Не се мои пари, а во туѓото нема среќа. Тешко е да се живее без работа и приходи. Треба да нахранам осум усти секој ден. Но, туѓо не ми треба, Бог ќе ми даде- додава скромниот Сулејман.

Овој благороден човек вчера го прими потпретседателката на Федерацијата на Босна и Херцеговина, Мелика Махмутбеговиќ и во оваа прилика одлучи да му додели едногодишна стипендија на неговата ќерка за школување.

– Ние сакаме да ја поддржиме вашата чесност и вашата борба за семејство. Верувам дека зачувувањето на моралните принципи е начин да се оди напред- рече Махмутбеговиќ за време на средбата, заинтересирана за условите во кои живее 13-членото семејство Зеќири.

administrator

Related Articles

%d bloggers like this: