fbpx
„Нашол многу пари, што ги изгубил војник, цел месец се барале во охридската касарна“

„Нашол многу пари, што ги изгубил војник, цел месец се барале во охридската касарна“

Откако вчера беше објавена веста за пронајдената чанта со пари кај Рамстор, многу наши читатели ни пишаа позитивни коментари и пораки, споделувајќи со нас свои приказни од сличнo животно искуство.

Една од нив датира од пред 28 години, а се случила во АРМ, односно меѓу двајца воници кои служеле воен рок во Охридската касарна.

Приказната ни ја раскажа Кенан Мустафа кој бил војник доброволец во Охрид во пешадиска чета. Воениот рок му траел 9 месеци, а во неговиот вод имало совојник Босанец, Кемо, чиј што неразделен другар бил Македонецот Дејан. Тие често оделе на посета во други чети.

-Една вечер Дејан со Кемо беа во посета на мојот вод и на заминување Дејан си го заборавил паричникот, пол со марки, во тоа време околу 1.700 марки и денари, раскажува нашиот соговорник кој го нашол паричникот…

-Кога се разбудив за утринското вежбање видов над мојата „касета“ паричник и кутија цигари со запалка. Го проверив паричниот, беше полн со марки и денари. Побарав лична карта или документи, некаков знак, но немаше ништо. Одлучив да го чувам паричникот и да видам дали некој ќе го побара, а за тоа што го најдов не кажав на никој, ни на мојот надобар другар за да не ме натера да ги потрошиме парите. Помина месец дена, но никој не се јави и искрено губев трпение и ми се трошеа парите, но имаше нешто посилно од мене. Не ми се „чачкаа“ тие пари, бидејќи беа туѓи, а не мои. Во тој период, една вечер со мојот другар отидовме во собата за гледање телевизија, раскажува војникот кој таа вечер го отркил сопственикот на парите.

-Дојде Кемо со Дејан и Кемо го изгаси телевизорот и со повисок тон за сите да слушнеме рече дека другарот Дејан изгубил паричник со многу пари. Веднаш изрипав и им реков да дојдат со мене. Тогаш Кемо ми рече дека биле сериозни да не се шегувам, продолжува Кенан.

Сите заедно отиделе во неговата спална каде што тој му го дал и паричникот и цигарите со запалката што ги нашол.

-Тогаш Дејан со солзи во очите ме прегрна силно и ми рече „леле, леле и цигарите ми ги чувал“. Ме замоли да ме почасти, но јас одбив. До ден денес сме пријатели, сега и на Фејсбук и многу сум горд на себе за тоа што го направив тогаш бидејќи кога си војник секој денар е ценет како златник. Баба ми покојна, беше многу побожна и ми велеше „сине никогаш туѓото не може да биде твое, дури не дај боже може и да е колнато. Што е наше ќе си дојде“, вели Кенан.

Фото: Илустрација – војници

administrator

Related Articles

%d bloggers like this: