fbpx
Колку време и да помине деновите пред Велигден нема да се сменат

Колку време и да помине деновите пред Велигден нема да се сменат

Некои луѓе го памтам овој датум како вчера да се случило и ќе го носат како белег целиот свој живот … 8 години без нашите пријатели можеби сега ќе беа во домовите во крантин со нивните блиски но судбината имала други планови, живејте го животот не сите ја имаат истата привилегија.

Велики Четврток 9 часот навечер во маало со другарите на пинг понг дружба, само што ја земавме масата за да игравме сите поставивме се. Доста време во доцна игравме интересно имаше натпревар ќе ги памтам тие партии до крајот на животот. Одеднаш повик во сред игра, краток беше изгледа „се случила некоја пукотница, некого пукале“ првично дознавме не знаевме кој сите почнаа да се јавуваат по телефоните сакаме да дознаеме што се случило.

Помина и тој период во 1 часот дознавме дека се работи за пријатели првин кога ќе слушнете таква работа сте во неверување „нема шанси“ многу шпекулирање и глупости секогаш има луѓе што измислуваат, не е за изненадување. Последното нешто што го слушнав преку телефон со пријател беше „Ние игравме баскет на игралиште поминаа со колата на Френки застанаа и викна некој од нас да иде со нив имаше за уште еден место “ . Беше петкратно убиство на вести да оние беа.

Се работеше за нив Френки, Накле, Кирца и Цеко ако сте од такво место како Радишани, Бутел, околијата и пошироко таму ви се пријатели и да не ги познавате имате болка во градите. Е таа болка остана и по 8 години деновите пред Велигден никогаш нема да бидат исти, чувството да гледате луѓе насекаде со наведнати глави е болно, и времето врнеше – плачеше таа недела. Сега сме еве 8 години подоцна ние никогаш нема да ве заборавиме и секоја година ќе се потсетуваме на деновите кога беше различно, ова ќе го правиме се додека не се видиме еден ден.

12.04.2012, Велики четврток, Смилковско езеро. На оваа дата и место, пред точно 6 години свирепо беа убиени Филип Славковски (18), Александар Наќевски (18), Цветанчо Ацевски (18) и Кире Тричковски (20) од Радишани и Борче Стевковски (45) од Црешево.

Ова грозоморно петкратно убиство ја зави Македонија во црно.

На местото каде тогаш беа убиени Филип, Александар, Цветанчо, Кире и Борче, денес има изградено црква „Светите Четириесет Маченици- Младенци“ и два обелиска кои вечно ќе го означуваат споменот за сите петмина, но и ќе сведочат за масакрот кај Смилковско езеро.

administrator

Related Articles

%d bloggers like this: