fbpx
„Знаете ли како е да имате болно дете со лекови кои чинат половина административна плата?“

„Знаете ли како е да имате болно дете со лекови кои чинат половина административна плата?“


Весна Петрушевска Бејби на својот Фејсбук профил се огласи за состојбата во државата и во целиот свет за корона вирусот. 

Видно, гневна и разочарана, воедно и исплашена од целата ситуација. 

Еве што вели таа: 

Падна снег и конечно малку раат.Читам многу страв од целава оваа ситуација.Природно,нормално.Има предлог да се намалеле платите.Одамна овде преживуваме,не живееме,освен оние кои направија пари со криминал.Ним ќе им е арно.Но,сакам да ве прашам нешто…знаете како е да се живее во овие услови пост хенотерапија?Имам другарка па знам…знаете како е да имате болно дете по дома со лекови кои чинат половина административна плата?(јас имам по дома таква приказна и сум сингл мам и 24/7 сум на нозе/ Сте помислиле на моментот кога нема кој да оди во продавница за вас?Ооо, да, и не ги оставам децата од актерската школа работам со нив онлајн неколку часа дневно…Не се плашам искрено иако можеби би требало…не верувам одамна на политичари кои немаат однос кон менталното здравје,не верувам одамна на политичари кои гледаат само за својот газ и на пратеници кои мандати преспаа и збор не изустија.Јас сум вреден човек и работам не ми е страв…политичките елити сега е моментот да си го покажете лицето и образот.На сите нас ова ни е час по освестување.

administrator

Related Articles

%d bloggers like this: