Browse By

Advertising
Loading...

Пушачите поима немаат дека ова го има во цигарите

Се и сешто се додава во цигарите за тие да имаа вкус каков што пушачите сакаат, меѓутоа оние кои сакаат да консумираат тутун не знаат дека во цигарите го ставаат и ова…

Малкумина од пушачите знаат дека во цигарите се додава шеќер, покажало новото американско истражување.

Исовремено, малкумина од нив се свесни дека додавање шеќер во тутунот ја зголемува токсичноста на димот во цигарата, пишуваат истражувачите во списанието “Nicotine and Tobacco Research”.

Цигарите содржат природни и вештачки шеќери кои ја намалуваат “горчината” на цигарите, поради што нејзиниот дим полесно се инхалира. Но тие во исто време ја зголемуваат количината на штетни хемикалии во димот на тутунот како и зависнички потенцијал за пушење, вели др. Ендру Сеиденберг, доктор по јавно здравје на Универзитет во Северна Каролина.

Бројни учесници во истражувањето рекле дека сакат да знаат повеќе за шеќерот во цигарите. Еве ви можност”, рекол Ројтерс Сеиденберг.

Тој со колегите следеле 4350 возрасни пушачи во состав на експеримент со е-цигарите.

На крај на експериментот учесниците морале да одговорат на две прашања за додаените шеќери во цигарите.: “Се додава ли шеќер во цигарата?” и “Додавање шеќер во цигарите ги зголемува ли токсините во димот на цигарата. Дали пред почеток на студијата некогаш сте чуле за ваква последица со додавање шеќер”.

Во кампања организирана во Австралија Сеиденберг и колегите предупредувале на тоа со песната “Sugar, sugar” , додека на екранот пишувало “Додавање шеќер и мед го прикрива горкиот вкус на тутунот, но штетноста од пушење цигари неможе да се скрие”.

Треба да се потсети дека никотинот во цигарите предизвикува зависност бидејќи ги стимулира допамите (невротрансмитер) во мозокот на пушачите, и тие даваат привремено чуство на опуштеност и смиреност. Поради привременото чуство на смиреност пушачите брзо палат нова цигара. Но некои од адитивите во цигарите стимулираат никотински рецептори, поради што бројни времени пушачи стануваат стравствени пушачи.

Извор: vecer.mk

%d bloggers like this: