October 17, 2019

Булевар

На вистинското место

Црногорците кажаа стоп за работа во недела

Кој ќе отвори продавница в недела, ќе се соочи со парична казна од 1.000 до 10.000 евра

Управата за инспекциски работи на Црна Гора одлучи првата неработна недела за вработените во продавниците да биде на 20 октомври.

Како што наведува порталот Investitor.me, инспекциските служби повикале на придржување кон овие одредби со цел да се избегнат казни.

Инаку, ова доаѓа откако црногорските пратеници усвоија законски измени и дополненија на Законот за внатрешна трговија со кој е предвидено продавниците и супермаркетите низ земјата да бидат затворени во недела.

За тој што ќе отвори продавница в недела, парична казна од 1.000 до 10.000 евра

Освен парична казна, на сопствениците на продавници кои нема да се придржуваат кон овие одредби им се заканува и трајно затворање на трговскиот објект.

Согласно членот 35 од Законот за внатрешна трговија кој стапува на сила на 14. октомври, им се забранува работа во недела на сите деловни субјекти кои се занимаваат со трговија на големо и мало.

%d bloggers like this: