October 17, 2019

Булевар

На вистинското место

Дали „Чичко Стоилко“ беше подобар од Мекдоналдс?

Многу генерации го паметат сендвичара со најубави сендвичи, а некои други пак како збирно место на Скопјани – да станува збор за најлегендарната сендвичара во градот со уникатен наслов „Чичко Стоилко“.

Скопјани со носталгија велат дека ова местото каде што се собирале генерациите од 70-тите и 80-тите, единствената сендвичара каде што се чекал ред за да вкусат најубавите сендвичи во градот.

За жал во 2014 година урбанизацијата на главниот град за жал го избриша овој убав дел од Скопје, а старите скопјани на социјалните мрежи раскажуваат и за семејната трагедија која сопственикот ја доживеал по ставањето на крај на бизнисот.

Едно е сигурно: Оваа слика буди многу спомени за градот кој веќе го нема.

Граѓаните коментираа дека и славниот Мекдоналдс не може да се „носи“ со сендвичарата на „Чичко Стоилко“.

%d bloggers like this: