July 16, 2019

Булевар

На вистинското место

Децата, кои пред 12 години ќе пробаат алкохол можат да станат алкохоличари

Раното конзумирање алкохол за 60 отсто го зголемува ризикот од развој на алкохолизам во подоцнежниот период, покажа една студија, спроведена во Бразил.

Децата, кои пред 12 години ќе пробаат алкохол имаат поголем ризик да станат алкохоличари кога ќе пораснат, покажаа резултатите од истражувањето на Федералниот универзитет Сао Паоло, во кое учествувал и бразилскиот Информативен центар за дроги.

На разговорите, кои се воделе во рамки на студијата станало јасно дека родителите се тие кои на шега ги охрабруваат децата да пробаат алкохолни пијалаци.

Еден од учесниците во студијата признал дека неговите родители, кога имал 11 години му понудиле вино.
– Кога дома ќе дојдам пијан, мојата мајка знае дека сум пиел, но се прави дека не знае, изјави момчето, кое сега има 16 години и оди во училиште во Сао Паоло.

тудијата нагласува дека е доволно само еднаш пред 12 години да пробате кој било алкохолен пијалак за двојно да се зголеми ризикот да стане компулсивен пијаница кога ќе стане возрасна личност.

– Секој контакт на дете помало од 12 години со алкохолот, може во идина да доведе до неконтролиран начин на конзумирање, изјави Зила Санчез, професор на Медицинското одделение за превентивна меедицина на Универзитетот Сао Паоло и еден од истражувачите во оваа студија.

Резултатите од анкетата покажале дека 82 отсто од студентите, кои потврдиле дека сега конзумираат алкохол, прв пат пробале пред 11 година.

%d bloggers like this: