September 20, 2019

Булевар

На вистинското место

Децата секогаш се исти, ние отидовме у курац

Мојот прв ден во школо.. таа дамнешна 1983 година.

Јас немам фотографија од мене како со ранец на грб стојам во школо тој прв ден, во прво одделение основно. Немам, пошто, јеби га, тогаш беше нормално да тргнеш во школо… а и не сум сигурен дека моите имаа фотоапарат. Телефон, знам, немавме.

Нормално, го памтам првиот ден во школо. Кај нема да го памтиш, ебате, кога учителката имаше мустаќи ко Вук Караџиќ, мајко моја мила. Не знаеш дали си дошол во школо или на воена вежба.

Првиот ден во школо ме однесе мама. Вториот ден веќе ѝ збоктиса па ме утрапи кај една мала од комшиите која одеше во осмо, па она ме водеше. Третиот ден за мене веќе никој немаше прашано.

А тато…. тато месец дена не знаеше дека одам во школо. Кога тој мајка ми ја праша „Ќе тргне ли малиов некогаш во школо“? јас веќе бев петто.

Треба ли да ви зборувам за воспитните мерки во школото. Ако нешто заебеш, те влечат за бакенбарди, кај што најмногу боли. Бар уште тогаш да бев ќелав, ама не бев. Му се пожалив на тато дека „Караџиќ“ ме тегне за бакенбарди а он ми вика: „Ништо тоа не е, мене по прсти ме удираа.“ Какво школство, колку поназад одиш, толку побетер казни имале…. Дедо ми ваљда го имаат распнувано со два коња.

Само што тргнав на школо, ете ти го 29-ти Ноември, Денот на Републиката… те примаат во пионери… имавме заклетва… па вежбавме нон-стоп како драгстор. Имаш шест ипол години а треба да изговориш „Социјалистичка Федеративна Република Југославија“. Па, мајко моја, тоа е сајенс фикшн, никако тоа не можеш во едно парче да го кажеш. Пола од нас уште не знаеја „р“ да кажат, ко Јаран од „Ноќна мора“ на Жељко Малнар. „Федејативна Јебублика….“ Кога нè примаа во пионери, ние мислевме и пушки ќе добиеме…. ништо од пушките…. а веќе по 7 години имавме.

Во школото имаше менза. Нема она “’мене нешто не ми се јаде“… со наредба на врховната команда мораше чинијата да се излиже додека Караџиќ околу нас кружи како орел и гледа некому да не му останало нешто.

Кога конечно ќе одевме дома после школо, по никого не доаѓаа родители со кола… Фала му на бога за тоа, пошто можевме да фрлиме тоа ранците и пола саат да играме фудбал, па дури потоа ајде дома. Додуша имаше еден, по него неговите доаѓаа со кола, никој не го сакаше.

Денес гледам… излегува малиот од кола, пред школо, мајка му застаната, мести фризура, зазема поза, го гушнува детето и прави селфи. Малиот исто преплашен како и јас таа 83-та година.

И контам, децата секогаш се исти, секогаш. Само ние… ние имаме отидено у курац. Ако ме разбирате.

%d bloggers like this: