December 15, 2019

Булевар

На вистинското место

По стапките на својот вујко Тоше Проески, Христијан денес има 21 година

Тоше Проески нè напушти пред речиси 12 години, а неговите песни се пеат и денес. Секако, тагата за него не престанува такашто фановите сè уште во солзи зборуваат за него. Кристијан Ристески, внукот на Тоше тргна по истите стапки како неговиот вујко, кој секогаш му бил пример.

Младото момче има 20 години и е студент на Факултетот за аудиовизуелни уметности во Скопје. Пред две години му се укажа можност да соработува со британскиот продуцент и соработник на Тоше, Енди Рајт, па отпатувал за Лондон.

Инаку и самиот Тоше согледал талент во својот внук, па двајцата снимиле дует. Станува збор за песната “My Little One”, која се најде на постхумниот албум на англиски јазик “The Hardest Thing”.

Кристијан е активен на социјалната мрежа Инстаграм, каде покрај фотографиите од неговото секојдневие, можете да погледнете и фотографии од неговиот вујко.

%d bloggers like this: