October 17, 2019

Булевар

На вистинското место

Директор на училиште поднесе оставка поради предизвикана сообpаќајна нecpeќа

До редакција на АПЛА.МК Димитар Пипилевски директор на ОУ „Крсте Петков Мисирков“, Бистрица испрати отворено писмо кое го пренесуваме само дел :

Почитувани,

Чувствувам морална и етичка обврска да се произнесам по неодамнешните случувања. Имено, во четвртокот, 3.10.2019 година, околу 20.00 часот, предизвикав сообраќајна незгода под дејство на алкохол. Заради ова, поднесувам оставка на местото директор при ОУ „Крсте Петков Мисирков“, Бистрица.

Во секој случај останувам целосно посветен на мојот ангажман за подобрување на условите во училиштата и во регионот каде припаѓаат и несебично ја нудам мојата помош во иднина. Се надевам со оваа моја постапка ќе им бидам пример и на учениците, како да се преземе одговорност за постапките.

Со почит,

Димитар Пипилевски

Извор: Апла.мк

%d bloggers like this: