September 20, 2019

Булевар

На вистинското место

Дневен хороскоп: Повеќе забава за Paкот, љубовни проблеми за Јарецот

ОВЕН (21. III – 19. IV)
Среда, 11 Септември 2019
Интеракциите со луѓето денес ќе ви бидат омилени. Воопшто нема да ја сакате индивидуалната работа во канцеларија или зад компјутерот, туку ќе бидете идеален тимски играч. Придружете им се на колегите во групните задачи и проекти.

Внатрешното задоволство ќе ви се зголемува со секое добро дело. Давајте од срце и усреќете ги другите за да се усреќите себеси.

БИК (20. IV – 20. V)
Среда, 11 Септември 2019
Кој врв сакате да го покорите следен? Денешниот ден ќе ве охрабри да ги следите вашите највисоки амбиции, па ќе летате успешно кон врвот. Само, внимавајте да не ги згазнете амбициите на ваш колега додека ги следите вашите.

Ќе започнете разговор со интересна личност и ќе се изгубите во вашите дебати. Часовите ќе ви минуваат како минути и тоа воопшто нема да ви пречи.

БЛИЗНАЦИ (21. V – 20. VI)
Среда, 11 Септември 2019
Денес може да имате погрешна претпоставка зошто ваш колега се однесува на невообичен начин кон вас. Не брзајте со реакциите, туку информирајте се. Поставувајте прашања ако сакате да добиете одговор.

Животот ќе ви подготви неочекуван настан. Без разлика каков ќе биде тој, морате да реагирате како да сте го очекувале. Зачувајте контрола!

РАК (21. VI – 22. VII)
Среда, 11 Септември 2019
Денес планетите ќе ве оддалечат од професионалните амбиции и ќе ве поттикнат да се фокусирате на забавата во вашиот живот. Ќе бидете вистинска ѕвезда на работното место и благодарение на вас значително ќе ви се подобри работната атмосфера.

Иако нема да се чувствувате многу продуктивно на крајот од денот, сепак ќе си легнете насмеани. И тоа е важно.

ЛАВ (23. VII – 22. VIII)
Среда, 11 Септември 2019
Чувствувате дека ви е претесно на работното место? Денес ќе имате многу поголеми планови за вашата кариера од оние кои можете да ги задоволите на моменталната позиција. Сепак, тоа не значи да избрзувате со одлуките.

Морате да ѝ помогнете на личност на која ѝ е тешко да се вклопи во нова средина. Подајте ѝ рака, нема да жалите.

ДЕВИЦА (23. VIII – 22. IX)
Среда, 11 Септември 2019
Ваша врска се движеше по надолна линија во изминатиот период, но вие дававте сè од себе за да ја спасите. Честитки, успеавте! Денес ќе се уверите дека вашите напори не биле залудни, бидејќи ќе почувствувате значително подобрување во односите.

Ако се работи за вашиот партнер, морате да одделите време само за вас двајца. Испланирајте романтична вечера, кратко патување или пикник во природа… Заборавете на технологијата!

ВАГА (23. IX – 22. X)
Среда, 11 Септември 2019
Започнете да пишувате среќно поглавје во вашиот љубовен живот. Денес морате да си дадете шанса повторно да сакате, бидејќи пред вас ќе прелета прекрасна шанса за романса. Љубовта е поблиску отколку што очекувате.

Во врска сте? Запрашајте се што е она што го усреќува вашето срце. Морате прво да се задоволите себеси за да можете да го задоволите партнерот.

ШКОРПИЈА (23. X – 21. XI)
Среда, 11 Септември 2019
Позитивните пријатели се за претпочитање денес, бидејќи ќе можат да ве оттргнат од лошите мисли кои ги имате. Обиколете се со лица кои секогаш знаат да ве насмеат до солзи и кои не бегаат кога сте во лошо расположение.

Случајна средба со другар од детството ќе ве потсети на времето кога бевте најбезгрижни. Ќе научите многу лекции од пловењето низ спомените.

СТРЕЛЕЦ (22. XI – 21. XII)
Среда, 11 Септември 2019
Трпение, спасение! Денес некој ќе ве вади од такт со своето мудрување, но колку повеќе ќе покажувате нервоза, толку повеќе ќе му го храните егото. Зачувајте смиреност, насмевката е вашето најсилно оружје.

Доколку ви претстои јавен настан, појавете се на него со огромна самодоверба. Првиот впечаток е најважен.

ЈАРЕЦ (22. XII – 19. I)
Среда, 11 Септември 2019
Разговарајте за плановите за иднината со саканиот, но на смирен и конструктивен начин. Денес ќе имате потреба да се уверите дека се движите кон исти цели со него. Ќе размислувате долгорочно, а не од денес за утре.

Ако сте сингл, окото ќе ви го фати некој амбициозен, кој знае што сака во животот.

ВОДОЛИЈА (20. I – 18. II)
Среда, 11 Септември 2019
Денес максимално ќе верувате во себе и зголемената самодовеба ќе ве поттикне да ги правите нештата кои ги сакате без да се извинувате за тоа. Можеби следењето на личните желби некому ќе му делува себично, но вас бескрајно ќе ве усреќи.

Споделете ги вашите уникатни ставови за време на претстојните дебати. Луѓето ќе ве почитуваат поради нив.

РИБИ (19. II – 20. III)
Среда, 11 Септември 2019
Разбудете го артистот во себе! Денес треба да се фокусирате на вашите скриени таленти и да му дадете простор на уметникот во вас да се изрази. Многу риби ќе создадат бесценето дело кое ќе им донесе награди во иднина.

Ќе забележите дека разгалувањето на вашите сетила ќе ве усреќува повеќе од вообичаено. Пуштете си музика, згответе си го омиленото јадење, гледајте добар филм…

%d bloggers like this: