October 17, 2019

Булевар

На вистинското место

До каде дотеравме да бидеме… се попразни игралишта, се подебели деца и ниско ниво на интелегенција

Facebook бил штетен… ма какви бе, што зборите. Facebook е една од најдобрите работи што се имаат случено на светов. Толку многу женски кои обожаваат да се сликаат голи, да ги покажуваат нивните атрибути и да ги ставаат за сите да можат да ги видат. Не ми е јасно како може да не го сакате Facebook, седите цел ден дома, немате потреба да искачате надвор, каде што е ладно, со снег и има голема можност да се разболите, а пак ги добивате сите трачеви на едно место. Боље не може да биде…

Не, сериозно сеа да почнеме. Седам пред некој ден и на некој од македонскиве портали, приметив една статија која вели дека некои научници, таму некаде направиле истражување врз група на луѓе и дознале дека ако на Facebook имате повеќе од 150 пријатели, ќе бидете во мизерно расположение. Се се базина на принципот дека ако имате повеќе пријатели, односно повеќе виртуелни фанови, дека вие уствари живеете од нивните лајкови и коментари. Колку повеќе лајкови/коментари, толку вашето его се полни и вие се осеќате супер… колку помалку, вие сте разочарани, бидејќи вашите фанови се уствари разочарани од вашата нова содржина (note, слика, статус и сл.), со што следи дека ќе се чувствувате мизерно.
Иако ова можеби важи до некаде за сите познати фаци (актери, музичари и сл.), тоа всушност баш и не може да се употреби за секојдневниот човек (пола од моите другари имаат над 300+ пријатели на Facebook, па пак си се среќни и весели). Така да, поголеми глупости од ова не верувам дека можев да прочитам. Што не им текне да направат истражување, колку Facebook е штетен за помладите генерации, кои сега комплетно растат со Facebook. Скоро 70% од основците порадо би седеле на Facebook, него ли што би излегле на улица да си играат… и сето ова родителите го оправдуваат. Подобро да седат на интернет, него ли да ги згази кола на улица… а на Facebook нема педофили, нели?
Пак ќе се навратам на женските од втора и трета година, кои се сликаат по долна облека, со стиснати гради и напрчени задници… што е со нив? Што не превземе некој нешто против тоа, што не направат истражување за тоа… ставила слика од нејзе гола, добила 100 коментари, од кои пола се од педофили, и добила 300 лајкови… и што сеа, се мисли популарна е !? -.-
СТРАШНО!!! До каде дотеравме да бидеме… се попразни игралишта, се подебели деца и ниско ниво на интелегенција… е за тоа што не направите истражување бе!

%d bloggers like this: