October 22, 2019

Булевар

На вистинското место

До кога бе луѓе со овие поделби на провинцијалци и скопјани ?

А да се олабави малку твитер заедницата, не може главен проблем за младите во Скопје да биде кој од кој град доаѓа. Три дена се дискутира на твитер за провинцијалци и скопјани,а да не зборуваме за фактот дека „Пет дена доцни објавувањето на списоците за прием на студенти во студентските домови во Скопје“ кој е по суштински проблем кој треба да се реши, зошто има деца на улица. Девојкава очигледно е нова на твитер ќе се адаптира после 2-3 твита дека не треба вакви глупости да пишува, и не е само тој твит, коментарите се дефинитивно лекција за тоа дека не треба да се прават поделби, особено не поради тоа што некој прашал на некаков дијалект за продавница, па имате еден тон коментари за осуда и навредување.

Да беше ваква реакцијата за некои посуштински прашања за Скопје, пример за воздухот и загаденоста,или пак големиот број на млади кои загинуваат во сообраќајни незгоди,или пак за заминувањето на младите од државава, можеби до сега ќе бевме по ревносни и гласни во решавање на истите проблеми, ама не, поинтересно е изгледа да се збори за тоа кој е селанец или која е сељанка по социјалните мрежи. Дно сте дечки и девојки и не го заслужувате вниманието искрено, ама нека чита народ колку сме ситни души и како не треба.

%d bloggers like this: