August 24, 2019

Булевар

На вистинското место

До сите новопечени инфлуенсерки и wannabe блогерки: „ Не, не може да се сликате легнати до тигарот во тигреста купаќа! “

Заслужено добија цел список со забрани за тоа што се не можат да прават во зоолшката градина.

„Дојдете и фатете се за лопата и чистете им го изметот, повеќе лајкови ќе соберете“, порачаа од зоолшоката градина.

До сите новопечени инфлуенсерки и wannabe блогерки:
– Не, не може да јавате слонче
– Не, не може да се сликате легнати до тигарот во тигреста купаќа
– Не, не може да го држите Коко за рака и као демек шетате
– Не, не може да ги пуштиме лемурите надвор од живеалиште, за луѓето да мислат дека сте на Мадагаскар
– Не, не може да ја гушнете жирафата со две раце као демек ептен ве сака и сте BFF
– Не, не може папагалот за на стори да ви каже ја сакам Разменка во поштенско сандаче
– Не, не може да позирате со лавот и да пишете King and Queen
Наместо да ви текнуваат вакви будалаштии, дојдете фатете се за лопата и чистете им го изметот, повеќе лајкови ќе соберете 😎

%d bloggers like this: