November 14, 2019

Булевар

На вистинското место

Еј, љубоморни луѓе, фала што постоите! Вие ме потсетувате што сум!

Знаете ли дека обожувам луѓе кои се љубоморни? Па, да не се тие ќе заборавиме што сме… ќе заборавиме зошто некој би ни љубоморел.

Така да, луѓенца мои, каснете си од љубомората, наполнете си ја душичката, залијте си ја завидливоста, нахранете си ја себичноста, истурете си грам гнев, набилдајте си го егото, заострете си ги канџите.

Да не сте вие, ние нема да сме тоа што сме.

Да не се вашите негативни критики и коментари, нема да се подобриме. Да не се вашите пцовки, нема да се дигне прашина. А, знаете позади што се крева голема прашина, нели?

Фурајте, гурајте… и туркајте не’ до тронот. Ние ќе ви мафтаме од горе! Позиич ;*

Марија Прличкова

%d bloggers like this: