September 20, 2019

Булевар

На вистинското место

Една “песничка” за нашите генерации | “Скопје ќе продолжи да дише, некому Париз, некому клише.”

Кога се чекавме кај Фреш и меѓувремено јадевме по некој тост од оние правоаголните со врат, единствени по вкус во СК, Колосеум, Ла Фабрик и Вулкан беа единствените места кај што дремевме, времето кога место во кафич седевме во парк и пиевме сокчиња или нешто друго, ама ретко кога пијан некој се враќаше дома.

Шверц во автобус не беше нешто непознато, па пазевме кога ќе влезе контрола ние одма надвор, а ако не фатеа ни се закануваа дека ќе чистиме автобуси, а не како денес одма се закануваат со тужби од 75 евра.

Чичко Стоилко беше едно од ретките што работеа касно навечер, па секогаш чекавме и по пола саат за да купиме нешто.

Денес не знам што работи во парк, чичко Стоилко го изрушија, на плоштад сега кога ќе се направи и новата фонтана нема да има место кај да се свртиш, а не да дочекуваш Нова Година, кејот кај Мепсо го “украсија” со галија (што патем НЕ МИ СЕ ДОПАЃА!!! Премногу е отмено, ама лажно отмено, затоа што нели со гипс картони е се), а порано дремевме до ниедно време на тоа место.

 

СИ БЕШЕ ЕДНО СКОПЈЕ, ДА СИ ИБЕШ…

Си беше еднаш еден град,

за некого дом, за некого гад.

Имаше многу насмеани фаци,

некои од Корчагин, некои од Рацин.

Имаше и љубов во девојките,

насекаде, парковите, клупите, постројките.

Машките беа фини,

гледаа во очи, а не во мини.

Одевме на кафе,

да си кажеме што ни тежи,

не се олеснувавме со статуси по социјалните мрежи.

Сакам да кажам дека не бевме дебили,

да се замараме со заеднички профили.

Дури и си праќавме пораки за добра ноќ,

да да, Скопје имаше друга моќ.

Порано не бевме ни прости,

такви не направија оние што ни дојдоа на гости.

Можевме да видиме по паркчињата на некоја клупа младич што душа и вади,

сега на тие места има згради.

Стварно беше многу фино,

знаевме и рака да пуштиме на сред филм во кино,

пиевме што било,

не чекавме на меѓуградска мама да ни прати од домашното вино.

Порано да облечат танга им беше срам,

денес затоа имаат Инстаграм.

Излегувавме за забава, дружба и провод фин,

а не за еден мизерен чек-ин.

Некогаш имавме и по 100че во џеб,

па пак сме здрави и живи,

за станче и Ауди не продававме ниви.

Имавме Вулкан, Фабрик, Колосеум,

девојките ги испраќавме во 2, а не во 7.

На плоштадот не собираше сите и сите бевме исти,

денес пола се луѓе, пола се бисти.

Ако неможевме да ја најдеме,

ја чекавме ‘на Фреш’,

денес се по сепариња, направени ‘леш’.

Скопје ќе продолжи да дише,

некому Париз, некому клише.

%d bloggers like this: