November 22, 2019

Булевар

На вистинското место

Еве зошто провинцијалките секогаш ќе бидат позгодни од скопјанките

Притисокот на големите градови врз сите оние кои доаѓаат од помали места или кај оние кои со години живеат во метрополите умее да резултира со најразлични нарушувања реакции и однесување.

Една од последиците на стресот, притисокот на околината, влијанието и барањата на “медиумите”, безмилосната средина во која секојдневно се наоѓаме е и нарушувањето на исхраната.

Анорексијата или прекумерното јадење се најчестите резултати од нарушената исхрана. Кај анорексијата учествуваат повеќе етиолошки фактори – биолошки, психолошки, социјални па се до културни. Но секогаш се поставува прашањето зошто некој е анорексичен, а друг не е? Се чини дека пресудните фактори се оние кои ја одредуваат личноста.

Зголемен ризик за развојот на ваквата болест има кај луѓето кои доживеале тешка траума или емоционален стрес за време на пубертетот, оние кои биле изложени на сексуална злоупотреба, луѓето кои се под притисок на околината која премногу ја истакнува важноста на витката линија и телесниот изглед како единица мерка за вредност на современата жена.

Барањата на современите идеали за убавина се однесуваат на нездравите, преслаби идеали, а женските магазини пак се преполни со диети од типот “Како да симнете 5 килограми за 48 часа?”.

Диетите најчесто започнуваат со избегнување на мрсна храна (благо, леб, тесто…), потоа со намалување на количината на оброкот, редукција на оброкот и изборот на храна. Сето ова резултира со значително намалување на килограмите, но и со екстремна линија која може да го загрози животот.

Поголем дел од истражувањата се сложуваат дека најголема причина за нарушувањето на исхраната е стресот. Стресот може да се манифестира интензивно или помалку интензивно. Впрочем, и тука се зависи од особините на личноста која треба да одлучи во кој правец ќе ја насочи својата фрустрација.

Секако, нарушувањето во исхраната и особено пушењето не се однесува само на анорексијата. Се случува и спротивното, кога личноста почнува да се дебелее. Како и кај анорексијата така и кај дебелината причината е секојдневниот стрес, очекувањата кои не можат да се исполнат, како и незадоволството.

Доколку живеете во Скопје, немилосрдна метропола со високи очекувања не се исклучува можноста да бидете мета на нарушена исхрана.

Во разговор со социологот Илија Ацевски дознаваме зошто е тоа така.

– Нарушената исхрана најчесто е причина на урбаниот живот. Постојат повеќе сегменти. Тука е психолошкиот како и социопсихолошкиот сегмент. Болестите кај урбаниот човек најчесто се причина на современото живеење, секојдневниот стрес како и исхраната. Брзото темпо на живот не тера да јадеме готвена или полуготвена храна. Актуелен е и трендот да купуваме готвена храна бидејќи немаме време за да зготвиме оброк за семејството. Сето ова носи до плус килограми, вели Илија, при тоа додавајќи дека во провинцијата е поразлично.

Во селските области, децата уште од мали нозе почнуваат да работат во бавчите, се хранат со она кое го засадиле а и консумираат посвежо месо. Ова во превод би значело дека тие консумираат здрава храна, храна која не е преработена – храна која го продолжува животниот век, додава тој при тоа истакнувајќи дека кога провинцијата ќе се пресели во главниот град е подложна на ваквите нарушување на исхраната.

Притисокот на големите градови влијае на психата и резултира со најразлични нарушувања.

Секако, тука е и фактот дека дел од нив сакаат да бидат прифатени и забележани. Имиџот и стилот на живот се создаваат и се градат со секојдневата рутина.
Повеќе на вечер.мк

%d bloggers like this: