October 17, 2019

Булевар

На вистинското место

(ФОТО) Сузана сведочи за она што и се случило синоќа на Бит Пазар: Бескрајно сум благодарна

Статус на Сузана Миноска во групата Ѕид на сообраќајниот срам.

Сакам да се заблагодарам на еден млад господин кој синоќа околу 7:30 ч, пред Бит пазар ме виде падната на земја, застана, праша дали ми треба помош и ме однесе во Градската болница.

Не видов ни кола ни таблички. Бескрајно сум благодарна за помошта и љубезноста, а ногата била скршена.

Сличен случај имавме и деновиве кога старец во Скопје паднал на улица и според кажувањето на оние кои ги виделе никој не застанал да му помогне. По некое време лежење на тротоар маж со автомобил застал да провери што е со човекот. Му помогнал да стане и го однел дома.
Уште една потврда колку сме хумани и сочувствителни кога некој друг е во опасност.
Извор: Skopje24.mk

%d bloggers like this: