Го паметите ли „местото со најубави сендвичи“ во Скопје?
February 26, 2020

Булевар

На вистинското место

Го паметите ли „местото со најубави сендвичи“ во Скопје?

Некој го памети како местото со најубави сендвичи, а некои други пак како збирно место на Скопјани – без дилема станува збор за најлегендарната сендвичара во градот со уникатен наслов „Чичко Стоилко“.

Скопјани со носталгија велат дека ова местото каде што се собирале генерациите од 70-тите и 80-тите, единствената сендвичара каде што се чекал ред за да вкусат најубавите сендвичи во градот.

Урбанизацијата на главниот град за жал го избриша овој убав дел од Скопје, а старите скопјани на социјалните мрежи раскажуваат и за семејната трагедија која сопственикот ја доживеал по ставањето на крај на бизнисот.

Едно е сигурно: Оваа слика буди многу спомени за градот кој веќе го нема.

%d bloggers like this: