September 20, 2019

Булевар

На вистинското место

Годините се само бројка: Младата Милјана од Србија се омажи за 53 години постариот Милојко

Двојката со 53-годишна разлика која неодамна се појави во реалното ТВ шоу „Парови“ за да докаже дека нивната љубов е вистинска го врза „јазолот“ на друга ТВ програма, затоа што нели ова „мора“ да се види.

21-годишната Милјана Богдановиќ и 74-годишниот Милојко Божиќ се венчаа во Пожега, а целата церемонија се емитувала на телевизија во живо.


За работите да бидат „поинтензивни“ заљубените ја најавиле свадбата само неколку недели откако наводно Милојко ѝ простил на Милјана што го изневерувала со помлад маж во реалното шоу. Тие влегле во шоуто за да докажат дека разликата во годините не им е проблем и изјавиле дека ја надминуваат со редовен се*с.

Тие изјавиле дека го прават тоа секој ден иако Милојко имал операција на срце минатиот декември. Милјана изјавила дека помладите мажи „немаат шанси“ затоа што немаат седа коса, очила и брчки како нејзиниот Милојко.

Сепак го изневерила нејзиниот „сакан“ но пред камерите се правдала дека „само орално“ го задоволила другиот маж, така да Милојко ѝ простил, а таа „плачела“ од среќа.

Децата на Милојко од првиот брак кои имаат 30, 35 и 40 години не присуствувале на венчавката, како и родителите на невестата.

%d bloggers like this: