September 20, 2019

Булевар

На вистинското место

Голем профит за Бикот, мала работа ќе го израдува срцето на Oвенот: Дневен хороскоп

ОВЕН (21. III – 19. IV)
Четврток, 12 Септември 2019
Очекувајте аплаузи за вашата работа! Денес ќе бидете наградени поради вашата смелост да го изберете патот кои сите други се плашат да го изодат. Уникатните методи на работа ќе ве издвојат од толпата.

Во љубовта, не ги избрзувајте нештата. Дозволете времето да ви покаже како ќе се развива врската со оној што го сакате.

БИК (20. IV – 20. V)
Четврток, 12 Септември 2019
Го гледате црвениот тепих пред себе? Денес ќе ви се чини дека сте холивудска ѕвезда, бидејќи не само што сите ќе гледаат кон вас, туку и ќе сакаат да украдат делче од вашето скапоцено време. Тоа не треба да ве направи арогантни, туку горди на себе.

Харизмата ќе им помогне на некои бикови да се сместат на повисока позиција. Влијателна личност ви го чува грбот.

БЛИЗНАЦИ (21. V – 20. VI)
Четврток, 12 Септември 2019
Денес ќе престанете да се залетувате кон реализирање на вашите идеалистички соништа и ќе се фокусирате на она што е тука и сега. Приземноста ќе ви помогне да донесете многу правилни одлуки и да го однесете вашиот живот на правилната патека.

Не сте сами! Вашето семејство безрезервно ќе ви дава поддршка, па предизвиците ќе ви изгледаат помалку страшни.

РАК (21. VI – 22. VII)
Четврток, 12 Септември 2019
Денес не смеете да носите одлуки поради сожалување, бидејќи голема е веројатноста да жалите. Следете ги вашите желби, а не желбите на другите кога одлучувате како ќе тече вашиот живот. Вие сте важни.

Нова идеја ќе ве исполни со ентузијазам за утрешниот ден. Запишете ја и споделете ја со истомисленици.

ЛАВ (23. VII – 22. VIII)
Четврток, 12 Септември 2019
Морате да пронајдете внатрешна сила по секоја цена да се борите за нештата кои ги сакате. Денес некој ќе се обиде да ве спречи во тоа, не смеете да дозволите да успее. Пречките само нè прават посилни откако ќе ги совладаме.

Претпочитајте ги долгорочните проекти! Ќе сакате да чувствувате дека имате контрола врз вашата иднина.

ДЕВИЦА (23. VIII – 22. IX)
Четврток, 12 Септември 2019
Истакнете ја вашата фигура, нашминкајте се, чекорете со самодоверба… Денес колку подобро ќе се чувствувате во сопствената кожа, толку повеќе внимание ќе привлекувате. Понекогаш не е важно како изгледате, туку како се чувствувате во сопственото тело.

Вашата емпатија кон партнерот ќе го достигне врвот. Ќе се разбирате како никогаш досега.

ВАГА (23. IX – 22. X)
Четврток, 12 Септември 2019
Чувствувате дека работата ви станала прелесна? Повеќе не ве изморува тренингот? Можеби е време за повеќе. Денес предизвикајте ги вашите граници, тестирајте ја вашата издржливост и совладајте ваш предизвик.

Верувајте во себе. Никој нема да го направи тоа наместо вас.

ШКОРПИЈА (23. X – 21. XI)
Четврток, 12 Септември 2019
Без разлика какви грешки сте направиле во минатото, започнува нов ден, во кој треба да си дадете шанса за нов почеток. Планетите ве „советуваат“ да бидете нежни кон себе и да си опростувате.

Советувајте се со семејството доколку минувате низ тешка ситуација. Не ги исклучувајте најмилите од вашиот живот, бидејќи тие ги имаат најдобрите совети.

СТРЕЛЕЦ (22. XI – 21. XII)
Четврток, 12 Септември 2019
Ако се изолирате од светот денес, нештата ќе ви се чинат многу полоши отколку што навистина се. Обиколете се со пријатели кои го будат најдоброто во вас и кои ве полнат со оптимизам. Животот не е лесен, но сепак е прекрасен.

Неочекувана промена во распоредот може да ве исполни со несигурност доколку немате план Б.

ЈАРЕЦ (22. XII – 19. I)
Четврток, 12 Септември 2019
Заинтересирајте се за туѓите животи, поставувајте прашања, прашајте ги луѓето како им поминал денот… Денес не смеете да ги претворате разговорите во монолози и да зборувате само за себе. Тоа ќе остава погрешен впечаток.

Некои јарци ќе наидат на прекрасен соговорник сосема случајно. Можно е дури и да ја пронајдат својата сродна душа.

ВОДОЛИЈА (20. I – 18. II)
Четврток, 12 Септември 2019
Денес ќе пронајдете нова опција за ваш личен развој. Хоризонтите ќе ви се рашират, а вие ќе гледате можности кои никогаш претходно не сте ги виделе. Бидете смели, никој не треба да ве расколеба.

Борете се против предрасудите на луѓето. Ниту вие не се вклопувате во нивната слика за „нормално“.

РИБИ (19. II – 20. III)
Четврток, 12 Септември 2019
Вие сте нежна личност, која лесно може да биде ранета. Не дозволувајте луѓето да ја искористат вашата добрина за да ве повредат. Морате да внимавате кого пуштате во вашето срце и во вашата душа.

Велете почесто „Не“! Тоа ќе ве направи посилни.

%d bloggers like this: