September 20, 2019

Булевар

На вистинското место

Градете како дете – мудра приказна од која ќе научиме дека ништо не е вечно

Прекрасна приказна која ќе ве потсети зошто не треба да жалите по минливите нешта, туку да се посветите на она што го имате и она што доаѓа.

Топло лето. На една прекрасна плажа мало дете полни песок во кофичката. Гради песочен замок. Успева и среќен е поради тоа. Цело попладне копа, прави ѕидини, гради мостови, користи и капачиња и дрвени стапчиња. И ќе успее во тоа.

Во големиот град со полни улици, еден маж седи во својата канцеларија. Реди документи еден врз друг, задава задачи, потпишува договори, испраќа фактури. Се радува на остварениот профит.

Тој работи и ќе работи. Неговите договори се негова безбедност, а капиталните добивки, мостови меѓу световите. Сака да изгради свое царствo. И ќе успее во тоа.

Двајцата градежници на дворци имаат многу заеднички нешта. Тие ги претвораат малите предмети во нешто поголемо. Од ништо создаваат нешто многу убаво. Внимателни се и решени дека ќе го изградат својот свет. Во сето ова се слични, но потоа доаѓаат разликите.

Детето го гледа крајот на својот дворец, а мажот не знае за доста. Кога надоаѓа плимата, момчето радосно скока во брановите и не жали што тие го уриваат дворецот. Не е изненадено, бидејќи знаело дека тоа ќе се случи. Ја собира кофичката и заминува дома, знаејќи дека следниот ден може да изгради сосема нов дворец.

Мажот, пак, не е толку мудар. Во тешките моменти тој е преплашен дека може да изгуби сè. Бдее над своето царство и се обидува да го заштити. Гради ѕид и ѝ се лути на „плимата“.

Токму затоа, морате да ги градите своите соништа со детско срце. Не им се противете ниту на плимата, ниту на осеката, ниту на дождовите и сонцето…

Прифатете ги со насмевка, бидејќи и тие се неизоставен дел од животот, без кој би ви било здодевно и брзо ќе се презаситите.

%d bloggers like this: