October 17, 2019

Булевар

На вистинското место

ПРВИ ФОТОГРАФИИ ОД ГРУЕВСКИ ВО БЕГСТВО, кој знаел дека е токму во овој автомобил

Српските и црногорските медиуми, повикувајќи се на дипломатски извори информираат дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски во Унгарија влегол преку Србија.

Давајќи ја информацијата дека македонските државјани можат непречено да влезат во Албанија, Црна Гора и Србија со лична карта и дека до 13 ноември за Груевски не била распишана меѓународна потерница, според пишувањето на подгоричкиот весник Вијести, Груевски влегол во Црна Гора на 11 ноември во 19.19 часот преку граничниот премин Божај, а во 22.16 часот истиот ден ја напуштил земјата на граничниот премин Добраково со Србија (Гостун).

Според Побједа, кога Груевски влегол во Црна Гора, со него биле носителите на унгарски дипломатски пасоши Кулсар Антал и Варсалваи Шаба, а додека влегувале во Србија, со него биле Часар Јозеф Золтан и Фелеѓази Шаба, исто така носители на дипломатскиот пасоши на Унгарија.

– Во Србија влегол со автомобил со регистарски ознаки 55А05 во кој биле Часар Јозеф Золтан и Фелеѓази Шаба, кои се и носители на дипломатскиот пасош на Унгарија, објавија утринава медиумите во Подгорица.

На официјалната веб-страница на унгарската амбасада во Подгорица се наведува дека Золтан е заменик амбасадор на Унгарија во Црна Гора, а Шаба конзул. Покрај Амбасадата во Подгорица, Унгарија во Црна Гора има и конзулат во Херцег Нови.

После сите овие детални податоци од севкупната траекторија од бегството на Груевски, па дури и негови фотографии од возилото со кое бегството е реализирано, се поставува прашањеето: кој се знаел кога и каде бега Груевски?!

Извор: vesnik.com

%d bloggers like this: