Browse By

Advertising

Ви се допаѓаат новите бои на македонските хеликоптери М-17 (ВИДЕО)

Министерството за внатрешни работи по деветмесечниот ремонт ги презеде во целосно функционална состојба двете летала М-17 сопственост на македонската полиција. Хеликоптерите беа ремонтирани од страна на рускиот државен акционерски холдинг „Хеликоптери на Русија“, кој што ги обединува сите сервисни центри во Русија, овластени за генерален ремонт на овој тип хеликоптери, а во согласност со упатствата и овластувањата на производителот.

Примопредавањето на хеликоптерите со сите протоколи за прием и превземање на хеликоптерите по извршениот ремонт, се реализираше на крајот од минатиот месец, во сервисниот центар “Мома Станојловиќ “ – Белград, од страна на комисија на нашето министерство, составена од соодветни стручни лица.

Воедно хеликоптерската единица доби нови униформи. Овие активности се во рамките на плановите на Министерството за внатрешни работи за подобрување на условите за работа на сите полициски службеници

Текст: Македонско ВВ и ПВО, Хеликоптерска единица на МВР fb фан страна