November 14, 2019

Булевар

На вистинското место

Хирург крадел тестиси од пациенти додека ги оперирал

41 годишниот Џереми Корнел кој е познат хирург од Тексас бил уапсен поради кражба на тестиси од десетици пациенти додека вршел операции.

Хирургот Џереми Корнел од Тексас е уапсен за кражба на тестиси од десетици пациенти додека вршел операции.
Корнел незаконски крадел по еден тестис од секој пациент додека извршувал деликатни операции кај мажи кои страдаат од состојби поврзани со мочниот меур, уретрата или бубрезите.
Инаку Корнел 13 години работел како уролог во болниците низ Тексас а во болницата во Хјустон дошол во април 2018 година. По тригодишна истрага, Сојузното биро за истраги на САД (ФБИ) успеа да утврди дека Корнел незаконски крадел по еден тестис од секој пациент додека извршувал деликатни операции кај мажи кои страдаат од состојби поврзани со мочниот меур, уретрата или бубрезите.

Корел за време на операцијата која ја вршел бил сам во моментот кога ги крадел тестисите.

Тој за да ги украде тестисите, за време на операциите им велел на медицинските сестри и болничарите дека можат да ја напуштат салата или ги терал да извршат измислена задача. Некои сестри за медиумите изјавиле дека тој едноставно ќе ги испрати на кафе или да донесат некои лекови што всушност не постојат.

– Инспекторите веруваат дека хирургот продавал органи и биле многу изненадени кога пронашле десетици тестиси во тегли за време на претресот во домот на Корнел, изјави портпаролот на ФБИ, Томас Пери.

%d bloggers like this: