September 20, 2019

Булевар

На вистинското место

Многу пари за еден знак и добри вести за друг – Дневен хороскоп

Овен

Вие сте некој кој поседува многубројни таленти, а денес за еден од нив може да добиете пари. Секако, потребно е доста време и труд, но сите креативни проекти кои ќе ги започнете денес, ќе си обезбедите и финансиска сатисфакција.

Бик

Имате потреба да излезете од вашата секојдневна рутина и да направите нешто необично и возбудливо. Отидете на некоја локација која сѐ уше не сте ја откриле и задоволете го вашиот авантуристички дух.

Близнаци

Времето поминато со саканата личност е она што денес ќе ви го разубави денот. Исто така, бидете подготвени да се посветите и на вашите пријатели, посебно на оние кои неодамна сте ги стекнале. Со квалитетен разговор, добра музика и храна, добриот ден е загарантиран!

Рак

Имате потреба да воведете некои промени во вашиот живот, но сѐ уште не знаете кои ви се приоритетите. Послушајте го вашиот внатрешен глас или совет од некоја личност која добро ве познава, и нема да згрешите. Доколку планирате некое патување, испланирајте ги однапред сите трошоци.

Лав

Полна месечина? Можеби ова ви звучи како страшна комбинација, но бидете спокојни, бидејќи токму овој ден ќе ви биде од голема важност кога се работи за љубовта. Ве очекува понуда за состанок на која нема да можете да одолеете.

Девица

Денес обрнете внимание на сите информации до кои ке дојдете и ништо не сфаќајте здраво за готово. Постојат големи шанси да ги зголемите вашите приходи доколку ја препознаете вистинската прилика. Лесно ќе придобиете нечија наклонетост.

Вага

Вам овој ден ќе ви донесе многу позитивни и пријатни изненадувања на професионално поле. Прифатете ја секоја можност која ви се нуди, бидејќи ќе се каете да пропуштената шанса.

Скорпија

Ќе бидете пријатно изненадени кога ќе сфатите дека сте во многу подобра финансиска сотојба отколку што сте мислеле. Оптимизамот и ентузијазмот денес нема да ве напуштат, дури ни кога се работи за партнерските односи. Ќе уживате во едно ново познанство.

Стрелец

По завршувањето на работното време, добро сметете се на вашата фотелја и проследете некои од натпреварите во фудбал, а потоа излезете и поминете незаборавна вечер.

Јарец

Денес не правете ништо половично, ни кога е во прашање вашиот приватен, а ни професионален живот. Иако сметате дека можеби нема да го издржите ова темпо, крајот на денот ќе ви донесе заслужено опуштање.

Водолија

Денот ќе ви помине во знакот на добитоците и тоа најверојатно оние кои одамна ги посакувате. Финансиската состојба, исто така се подобрува, па би можете да си приуштите и мал шопинг. Обрнете внимание на крвниот притисок и кардиоваскуларниот систем.

Риби

Обрнете внимание на малите детали, посебно на оние во врска со вашиот изглед. Можно е да бидете во ситуација во која е потребно да оставите што е можно подобар впечаток. Ако дадете сѐ од себе и ако се однесувате природно, можни се и нови, квалитетни познанства.

%d bloggers like this: