October 22, 2019

Булевар

На вистинското место

Хуман ГЕСТ! Со мотори од Швајцарија дојдоа за да подарат клучeви од нова куќа на семејство во Скопје

Семејството Хасани од скопски Сарај доби нова куќа. Тие претходно живееја во многу тешки услови. Домаќинот починал, а мајката со двајцата синови живеела кај вујковците.

Во пресрет излезе клубот на моторџии “Плисат“ од Швајцарија во соработка со хуманитарната организација “Калири и Мирсис“. Елмедин се заблагодари за куќата што им ја изградија. Како што вели, сега ќе имаат една грижа помалку.

Клубот на моторџии “Плисат“ ја започнаа оваа иницијатива за да обезбедат куќа, дојдоа со мотори од Швајцарија за на семејството Хасани да му го дадат клучот од новата куќа. Главниот на клубот, Фатмир Алиу вели дека не спиел од емоции што ова семејство ќе добие нова куќа.

И од Калири и Мирсис изразија благодарност за сите кои помогнаа а изградба на куќата.

Ова четврта куќа по ред што ја има изградено клубот на моторџии Плисат од Швајцарија. Потпретседателот на клубот, Наим Нуредини, вели дека нема да застанат тука и дека ќе продолжат да им помагаат на луѓето на кои им е потребна помош. Новата куќа на семејството Хасани од општина Сарај има три соби и е уредена целосно со мебел кој го обезбеди клубот “Плисат“.

Извор: ТВ 21

%d bloggers like this: