November 14, 2019

Булевар

На вистинското место

Италијански град нуди 9000 евра за да се преселите во него: Потребно е да исполнувате два услови

Земјата на убавите жени, на убавото вино, на прекрасните и вкусни тестенини, земјата на модата или со еден збор Италија е земјата која од секогаш му нудела на човекот простор одново да се пронајде себеси.

Па така, додека во некои градови се продаваат куќи за по едно евро само за да се преселите во нив, друг град односно градот Локан и неговите надлежни нудат 9000 евра за да се преселите да живеете во него. Нормално, парите не се даваат на било кого, туку за да ги добиете истите мора да исполните одредени услови.

Градоначалникот од алспкото село Локана, Џовани Матиет, ја спровел оваа кампања поради наглото опаѓање на популацијата од 7.000 на едвај 1.500 денес.

Едниот услов е да бидете државјанин на Италија, а другиот е во семејството да имате приход од 6.000 евра.

Понудата за живот во напуштените куќи важела само за италијанските државјани, а во иднина ќе важи и за останатите. Градоначалникот се надева дека ќе привлече млади луѓе кои можат да работат од дома или имаат волја на село да започнат нова работа.

%d bloggers like this: