July 20, 2019

Булевар

На вистинското место

Изгореници и пепел од цела заштеда. Кичевчанец моли за помош поради пожар во својот дом (ГАЛЕРИЈА)

Денес бевме во посета на несреќното семејство Мечановски на кои пред неколку дена им се случи пожар во својот дом, па огнената стихија го однесе во неповрат целиот дом, инвентар и заштедата која работеле со децении.

Несреќниот настан се случил многу брзо, така што младиот Ерташ спасувајќи ја неговата мајка, едвај извлекол жива глава, па завршил со изгореници по рацете и своето тело.

Мечановски кои живеат во месноста „Влашки Пат“ важат за чесно семејство, секогаш биле тука да помогнат кога е потребно за некого, сега дојде време и за нив да се мобилизираме – додаде најблискиот комшија.

Бидејќи финансиската состојба е многу лоша, како и нивното живеалиште упатуваме апел до сите кои можат да помогнат со било каква финансиска помош за ова семејство да застане на здрави нозе тоа да го сторат на трансакциската сметка на Ерташ или лично да го контактира на 070/670-829

Банка: NLB Tutunska Banka
Име презиме: Ertash Mechanovski
Т-ска сметка: 210-501676594609

Споделете го линкот нека го видат што повеќе луѓе и да помогнеме!

Во прилог галерија од несреќното семејство кое се надеваме дека ќе бидат повторно среќни, благодарение на нашата хуманост.

Извор: Порта.мк

%d bloggers like this: