December 6, 2019

Булевар

На вистинското место

Митрополитот г. Јосиф континуирано помага семејства во Тетовско-гостиварската епархија

Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, заедно со парохискиот свештеник, протоереј Маријанчо Мадевски, ги посетија семејствата Симоски од с. Теарце и Костадиновски од с. Отушиште и во име на Тетовско-гостиварската епархија, за овие семејства, на кои им беше неопходна помош, донираа храна,прехрамбрени производи, бела техника и огревно дрво.

Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф исто така во континуитет со хуманитарни акции помага повеќе семејства во Тетовско-гостиварската епархија. Тетовско-гостиварската епархија е пример како Македонската православна црква се грижи за социјално ранливите категории на семејсрва на нејзината територија. Митрополитот Јосиф во Тетовско – гостиварскиот регион важи за еден од лесно достапните личности кој често може да се види со народот, со младите секогаш е тука за верниците кога им е потребна неговата помош во рамки на неговите можности.

%d bloggers like this: