Browse By

Advertising

Политичари, полиција, опозиција и нашите легенди од К-15 – Видео кое ќе ве врати во златното време на К-15

Најдобрите комичари кој воопшто Македонија ги имала, легендарните к-15 секогаш знаеја добро да не насмеат со нивните скечеви. Некогаш имавме саркатичен скеч кој ја отсликуваше реалната состојба во Македонија или пак некој кој нажалост ја предвиди иднината на нашата држава. Погледнете го овој скеч кој е направен во минатото но може ќе ја предвиди иднината.

Демократија од зборот „демос“ што значи народ, еве драги гледачи ексклузивно се наоѓаме на протест на опозицијата, овде они имаат тренинг за вечерашните настани.

К-15 е многу популарно македонско хумористично телевизиско шоу кое започнало во средината на 1990-тите години и претежно е во формат на епизоди составени од кратки хумористично-сатирични скечови на македонски јазик. К-15 како термин се користи и за други проекти, не само во контекст на хумористичните тв серии туку и било кој друг настап на познатата група, како на пример песните од Дуо Трио, рекламите кои тие ги снимаат или гостувањето во други емисии и филмови како Балканкан.

К-15 е основано и оргинално го сочинуваат Васко Тодоров, Љупчо „Бубо“ Каров и Бранко Огњановски, но често се појавуваат и други глумци. Тројцата основачи се исто така и дел од сценаристите и режисерите.

извор: http://delcevodenes.mk