September 20, 2019

Булевар

На вистинското место

Како да заработите 5000 евра за три месеци?

Берење јагоди во Финска, работење во областа на аспарагусот во Велика Британија, работа на брод, конобари во Црна Гора и Грција, работа со морски плодови на Алјаска, работа на лозје и берење грозје во Швајцарија, потоа работа во болница или бургер кинг во Германија или на некоја оддалечена нафтена индустрија, се само некои од сезонските работи во странство за кои младите се почесто се определуваат.

Начините на кои луѓето во странство се вработуваат се различни – едни одат преку агенции за вработување, други преку студентски здруженија, трети директно се јавуваат на странски огласи, а многумина патуваат и на црно, па како велат ако даде Бог ќе им се посреќи.

– За берење на јагоди во Финска се пријавив неколку месеци пред сезоната за да би добила дозвола за престојување. Се јавив преку огласот кој го имаа ставено сопствениците на една плантажа. За секој наберен килограм добивав нешто помалку од три евра, па за три месеци дома си отидов со околу 5.000 евра – вели М. Катиќ (30) од Србија .

Сезонската работа на берење разни видови овошје и зеленчук во Велика Британија, во текот на годината трае десет месеци, и тоа од почетокот на февруари, сè до октомври. Главната сезона, кога има и најголемо побарување на физички работници е во месец јуни. Бројот на работните места се движи, од шеесет на малите, до неколку стотини на големите фарми. Во најголемата фармерска област на Кент, има потреба и до 700 сезонски работници.

Најголем број фарми се наоѓаат на југо-источниот дел на Англија, недалеку од Лондон, потоа во Шкотска, Ирска и Велс.

Условите за добивање работа се минимални. Англискиот јазик не е услов, како ни искуство, при извршување на вакви работи. Ова не се однесува на работници во сточни фарми и возачи на земјоделска механизација.

За лице, припадник на држава, која не е членка на Европската Унија, не е дозволено постојано вработување, туку само сезонска работа и тоа со договори од три до шест месеци, колку што најчесто изнесува и временската работна виза.

РАБОТА ВО ШВАЈЦАРИЈА
Во Швајцарија, постојат голем број сточни фарми, а во помал број ги има фармите на лозови и други насади. Најголема потреба од работници има во почетокот на мај и јуни, па до крајот на септември. На сточарските фарми побарувањето за работна рака трае и преку зимските месеци, но во помала мера. Од работникот се бара основно познавање на францускиот, германскиот, италијанскиот или англискиот јазик. Работите се склучуваат сезонски на одредено време.

Најголем број на фарми се протегаат во околината на Лозана. Генерално во огласите возраста не се условува, но за ваков вид на работа, повеќе се бараат работници меѓу 18 и 35 години. Сместувањето и храната се бесплатни и платата изнесува 21SHF дневно. Работите започнуваат од месец мај и траат до првата половина на октомври.

-Секое лето одам кај роднините во Швајцарија и работам на лозје во периодот од мај до август и заработувам околу 3000 чисти швајцарски франци месечно што кај нас никогаш нема да ги земам – раскажува нашиот соговорник К.Р (27) кој судбината го довела до овој степен да мора да бара работа надвор од нашата земја.

%d bloggers like this: