September 20, 2019

Булевар

На вистинското место

Како луѓето ја доживуваат смpтта на своите миленици?

Миленичето може да биде вашиот најдобар пријател и факт е дека безусловно ве сака. Тоа е секогаш овде за вас, без разлика дали сте среќни или тажни. Tокму поради ова за луѓето е навистина болно кога ќе го изгубат своето милениче. Повеќето луѓе се толку поврзани со нивните миленичиња, што кога ќе ги изгубат се чувствуваат како да изгубиле некоја сакана личност.

Но, многумина ја потценуваат болката што можете да ја чувствувате откако ќе го изгубите миленичето. Оние кои немале куче или мачка мислат дека лесно можете да го замените со ново. Но едно истражување покажало дека вашата тага е реална и оправдана.

 

Истражувањето било спроведено на Одделот за психологија на Универзитетот во Њу Мексико. Испитаниците биле испрашувани за нивните чувства откако го изгубиле миленичето, а сите се согласиле дека болката била навистина интензивна и длабока.

На друг универзитет во Хаваи, истражувачите откриле и дека болката по смртта на миленичето може да трае многу подолго од болката што ја чувствувате откако ќе изгубите некоја личност.

Секој што изгубил милениче ќе се согласи дека болката по неговата смрт е неспоредлива, а понекогаш е иста како да сте ја изгубиле и вашата сродна душа.

 

%d bloggers like this: