August 24, 2019

Булевар

На вистинското место

Како се однесува Македонец на плажа ?

Ако сте летувале во место каде одат голем број Македонци, сигурно ќе препознаете барем некој од нашите туристи во овој опис. Не се промашуваме на плажа – секогаш најгласни, најбројни, со лименки пиво и музика од телефон во наша близина.

Ајде малку да се насмееме на сопствена сметка.

Како се однесува Македонец на плажа:

1. Стани во 4 сабајле и оптегни пешкирите за да зафатиш 6 лежалки задолжително во прв ред – 2 на сонце, 2 на сенка и 2 за секој случај. После врати се во кревет и спиј до 12 на пладне.

2. На просечен Македонец му требаат 8 квадрати на плажа – 5 за пешкирот и 3 за апостолките.

3. Ќе си понесеш лаптоп, ајпод, ајфон, камера и задолжителен апарат. Треба ли да ставиш слика на Фејсбук за сите да знаат кај си. Нормално дека треба.

4. Ако немаш чадор за сонце, намести се така што чадорот на комшиите да те покрива тебе после ручек. Не си ти крив што не испланирале. И нормално, ако планираат да го поместуваат, да – треба да почнеш да ц’цкаш и да префрлаш индиректно.

5. За деца до 12 години нема потреба да се инвестира во купаќи. Деца се.

6. Децата најдобро се повикуваат да излезат од вода од 200-250 метри, со јака децибелажа.

7. Ако не излезат, најдобро е тука на лице место да ги истепаш. Да се види кој е вистински родител.

8. Задолжително купете од крофните што ги шитка крофнарот и ги допекува на сонцено цел ден. Освен крофна без лубеница на плажа не се може, а корите да се остават покрај кантата. И праските исто. Да не се мачат осите да влегуваат во кантата.

9. Цигарите најубаво се гасат збрцани у песок. Со кармин на пикавецот, да се знае која е госпоѓа на плажа.

10. Свекрвата најубаво се оговара на плажа и тоа со новата пријателка од Србија која лежи 5 лежалки подалку од твојата.

11. Ако не ти е сменета постелнината сабајлето, на рецепција се правиш пуздер! Зашто дома секој ден ја мењаш.

12. Пивнуваш пиво, одиш на пливање и после зимаш ново, ладно. Затоа е ол-инклузив!

13. Кога ручаш, децата треба да трчаат наоколу по другите маси и хистерично да се дерат. После да заспијат поубаво.

14. Ако ти заѕвони мобилен, викај погласно, зашто те бараат дури од Македонија, па не се слуша. Обавезно раскажи кај сте, што праите, колку ви е јако.

15. Купачите најубаво се сушат оптегнати на чадорот за сонце горе.

16. Шведската маса е за да земеш од сè и најдобро во иста чинија – кој вика дека не идат риба и баклава?

17. Не си бил на море ако не купиш оригинална Луј Витон ташна на плажа.

18. Кога цел хотел ќе си легне, искачаш на балкон и играш јамб или табла со пластични коцки до 4 сабајле. Пред да легнеш, одиш и ги местиш пешкирите за утре.

%d bloggers like this: