Како стоматологот Јовановски за само 2 месеца стопил 22 килограми
February 24, 2020

Булевар

На вистинското место

Како стоматологот Јовановски за само 2 месеца стопил 22 килограми

За доктор Михајло Јовановски липосукциската диета била голем и убав предизвик. Претходно се обидувал да ги намали килограмите со различен тип на диети кои барале „жртви“, но било неуспешно. Со липосукциската исхрана пак, успеал да „стопи“ само за една седмица 4 ипол килограми, за две седмици 10 килограми, а за два месеци цели 22 килограми.

-Дебелината е голем здравствен проблем на денешницата, лошите навики многу тешко се искоренуваат и сè повеќе гледаме како многу луѓе се борат да ги заменат нив со здрави навики и здрав живот, објаснува доктор Михајло Јовановски, стоматолог во ПЗУ „Денталенд Плус“, на почетокот на нашиот разговор.

Михајло Јовановски

Зошто ја одбравте токму оваа диета?

–Jа одбрав липосукциската диета зашто ми звучеше примамливо кога разбрав дека за кратко време, односно, за 14 дена, се губи до 10 отсто од телесната тежина. И си реков, супер, доаѓа лето, а сите ние сакаме да изгледаме во костим за капење фит, морам и јас да го пробам овој тип на исхрана. Би ја нарекол револуционерна диета, бидејќи не ме исцрпуваше и измачуваше, не гладував и имав многу повеќе енергија да ги извршувам моите обврски со пациентите како стоматолог, па и сите други домашни обврски. Секако, сакав да си ја подобрам и крвната слика, која до пред третманот не ми беше баш сјајна. Ги сменив навиките во исхраната и ги загубив посакуваните килограми.

Како доктор, би ни ги објасниле ли, накусо, здравствените придобивки од ваквиот вид на исхрана?

-Здравствените придобивки се огромни за нашиот организам, од проста причина што на телото му се случува една позитивна револуција штом ќе се започне протоколот. Лично сум бил против диети и разни таканаречени „инстант“ програми за слабеење. За да се има идеална тежина не може само одреден период да се биде на диета, туку треба комплетно да се промени начинот на исхрана и животниот стил. Напразно е да ослабнеме успешно, ако си го нарушиме здравјето или ако потоа повторно се вратиме на лошите навики и стариот живот кој придонел да имаме вишок на килограми.

Липосукциската исхрана овозможува да се губи само салото, масните наслаги во телото, но не и мускулната маса. Всушност, го тераме нашето тело да се храни со сопствените резерви на масти.

Значи, имаме метаболички претворање на мастите во енергија, забрзана синтеза на протеините и забрзано ослободување на гликозата од црниот дроб. Тоа е целата приказна. Целосно природно делување и затоа е медицински и здрав третман за симнување на вишокот килограми. Ги раствора триглицеридите во крвта, се намалува особено лошиот холестерол, а со тоа крвните садови се ослободуваат од спазми, па крвта повторно може слободно да протекува. Исто така, доаѓа до пресврт во базалниот метаболизам, односно организмот го навикнуваме на урамнотежена, умерена, разновидна и здрава исхрана.

Целосното интервју прочитајте го на следниот линк .

%d bloggers like this: