November 14, 2019

Булевар

На вистинското место

Кога родителите ќе не напуштат: Овие 10 работи засекогаш се менуваат

Разбирате дека веќе не сте дете. Без разлика колку години имате, вие веќе не сте нечие дете. Дека тој некој што ве сака безусловно го нема.

Честопати не сме ни свесни дека нашите родители се обични луѓе со вообичаени слабости сè додека не биде предоцна. Растеме и секогаш се гледаме како непобедливи. Да заминеме, да се иселиме од семејното гнездо со некое чувство дека ништо не може да им се случи, дека тие секогаш ќе чекаат на нас дома …

Со текот на времето, тие стареат, а ние гледаме дека нашите суперхерои се претвораат во баба и дедо. Повеќе не личат на оние од нашето детство … И за жал секое дете на овој свет, во некое време ги губи родителите засекогаш.

Во тој момент многу зборови ви доаѓаат на памет, што не сте им ги кажале, споделиле и следува жалење, каење, ….

Кога родителите умираат, еве што се случува:

1. Ќе станете свесни колку е важно семејството

Никој никогаш нема толку несебично да ве сака како родител. Тие се во можност да ве гледат до крај и да ви приговараат доколку скршнете од патот, но тие никогаш не го прават тоа од лоша волја, туку само за ваше добро.

2. Таа загуба е тешко да се надмине

Додека нашите родители се живи, ние сме деца, без разлика колку години имаме. Кога ќе ги снема, човекот влегува во некаква тага. Станувате свесни дека сега сте некако чудно сами. Во сеќавањата ви доаѓа ликот на вашата мајка како ве бакнува пред спиење, тато кој те учи да возиш велосипед …

3. Ве нервираат луѓето што се жалат од своите родители

Вие во тој момент би дале се на овој свет за да ги видите барем за момент повторно, да ги гушнете … И ти доаѓа да викаш: Будала, биди среќен што ги имаш, дека се живи!

4. Болката поради загубата е скоро секогаш присутна

Таа е единствената болка што никогаш не згаснува. Дури и кога сè е темно, твоето срце ќе биде малку скржаво, нема да биде мирно бидејќи тие секогаш ќе недостасуваат.

Честопати ќе се случи да плачете толку силно, исто како и денот кога заминаа затоа што болката не минува …

5. Вие нема да можете да го прифатите фактот дека вашите деца нема да ги познаваат вашите родители, но и дека вашите родители нема да ги видат вашите деца

Ќе ве „убива“ фактот дека вашите родители не се во семејните фотографии направени околу празниците. Моментот што мајка ти не може да го пренесе тајниот рецепт за колачиња на вашата ќерка. Дека вашиот син никогаш нема да ја знае мудроста на вашиот татко …

6. Ќе им завидувате на луѓето чии родители сè уште се живи

Љубомората ќе биде поистакната за време на празниците, кога колегата ќе одите на „кафе“ или  на ручек кај неговите. Вие ќе бидете потиштени од тоа што немате никој кај кого да одите на Божиќ, а тогаш ваша пријателка ќе се пожали дека треба да ги поминува празниците со родителите а таа само сакала да оди за празниците во Виена или Рим….

7. Божиќ, Велигден, ќе бидат денови во кои нема да се радувате

Дури и ако имате сопруг/сопруга или деца, празници како Божиќ, Велигден или друга фамилијарна слава, тие секогаш ќе ве потсетуваат на вашите родители и ќе биде многу, многу за вас што тие нема да бидат околу вас …

8. Ќе дознаете многу тајни

Со текот на времето, детали ќе ви дојдат, кои не спаѓаат во вашата слика за вашите мајка или татко. Некои од нивните ситни гревови ќе излезат од старите работи и нема да можете да се ослободите од впечатокот дека не сте ги знаеле можеби доволно добро.

9. Кога ќе слушнете среќни вести, автоматски ќе сакате да ги повикате родителите и да ги споделите со нив

Од време на време ќе се најдете како вртете кај вашите родители на мобилниот телефон, во секундата кога ќе се вратите во реалноста ќе се појави нервоза….

10. Ќе ја сфатите целата величина на вашата љубов кон нив

Денот кога ќе исчезнат од вашиот живот, ќе сфатите колку сте ги сакале. И тие веќе не можат да бидат крај вас, но вие сте единствената личност на светот што ќе ги носите засекогаш во вашето срце.

Знаејќи ги сите овие факти, има само една работа што можете да ја направите сега: Поминете го целото слободно време со своите деца. За во иднина да имаат убави спомени за вас!

%d bloggers like this: