November 12, 2019

Булевар

На вистинското место

Компјутерот на баба ми помогна да стасам до бронза на светската Олимпијада по информатика

Двајца македонски средношколци, Андреј Величковски и Андреј Шеќеров освоија бронзени медали на годинешната Меѓународна олимпијада по информатика во Баку, во конкуренција од 327 ученици од 88 земји од светот.

Како што соопшти компанијата „Сорсикс“, една од водечките во областа на информатиката и информатичко-комуникациските технологии кај нас, со ова Величковски и Шеќеров ја продолжија традицијата на достојно претставување на нашата земја и постигнување врвни резултати на овој светски годишен натпревар од областа на програмирањето за средношколци.

Покрај нив, македонскиот тим кој престојуваше во Баку од 4 до 11 август, го сочинуваа и учениците Мартин Динев и Благојче Павлески.

Четворицата млади амбасадори на нашата земја, предводени од нивните ментори, покрај државната, добија и поддршка од бизнис секторот.

Андреј имаше интресна изјава за Скопско ехо, компјутерот на баба му донел бронза на светската Олимпијада:

Уште како мал се интересирав за компјутери, а тогаш тоа беа игрите. Подоцна ми се јави интересот за програмирање а клучно беше тоа што тогаш како подарок од баба ми добир прв лаптоп. Голем поттик ми дадоа и курсевите каде се запознав со програмскиот јазик Ц++. Оттогаш, желбата за програмирање ми се зголемува. Навистана, требаше време да навлезам во јасикот, носето тоа се исплатеше, потенцираше талент по информатика.

%d bloggers like this: