November 14, 2019

Булевар

На вистинското место

Конечно газда кој вистински се грижи за своите вработени: По 675 евра за секое новороденче, месечен надомест за секое дете и договор на неопределено во случај на бременост

Во хрватската компанија Бродосплит секојдневно работат 2.300 вработени, а тоа што ја разликува од останатите компании во регионот е посебната грижа за благосостојбата на секој вработен.

Во хрватската компанија Бродосплит секојдневно работат 2.300 вработени, а тоа што ја разликува од останатите компании во регионот е посебната грижа за благосостојбата на секој еден вработен.

Така на пример, компанијата која до 2023 година треба да испорача 12 бродови се труди да ги задржи своите тековни вработени поттикнувајќи пронаталитетна политика со која на секоја вработена која работи во било кој оддел на компанијата со договор на определено време, во случај на бременост нејзиниот договор автоматски преминува на неопределено време.

И тоа не е се!
Ова е само една од новите мерки со која ова сплитско бродоградилиште сака да придонесе за подобрување на безбедноста на работното место за идните мајки елиминирајќи ја причината за одложување на одлуката за родителство од страв дека ќе ја изгубат работата.

Исто така, сопственикот на компанија за кој пишувавме во овој текст, за принова на секој вработен му исплаќа сума од 5.000 куни (675 евра), а во случај и двата родители да работат во компанијата, таа сума се дуплира.

Родителите со три или повеќе малолетни деца добиваат посебен месечен додаток во износ од 200 куни (25 евра) за секое трето и за секое следно дете, што значи дека до полнолетство овој износ изнесува околу 40.000 куни (5.400 евра), односно 80.000 куни (10.800 евра) ако и двата родители работат во компанијата.

Во случај детето да се запише на факултет, старосната граница се поместува од 18 на 22 години.

Дополнително, Бродосплит издвојува пари за спонзорирање на уметнички и спортски клубови во кои членуваат децата на вработените, финансира деца кои покажуваат исклучителни резултати за време на своето образование и има фонд кој се користи за лекување на децата на вработените.

%d bloggers like this: